Свет БЕЗБЕДНОСТ

Израел најави тактичка пауза во борбите, два коридори за бегство

„За ваша безбедност, придружете им се на стотиците илјади жители кои се преселија на југ во последните денови„, напиша портпаролот на армијата на арапски на мрежата Х.

Израел најави тактичка пауза во борбите, два коридори за бегство

Израелските одбранбени сили (ИДФ) им соопштија на жителите на северниот дел на Појасот Газа дека во текот на неколку часа денеска ќе обезбедат два безбедни коридори за бегство што водат кон југ.

Воените активности ќе бидат стопирани во периодот од 10 до 14 часот за хуманитарни цели, објави војската на платформата на социјалната мрежа Х.

Армијата додаде дека ќе направи тактичка суспензија на воените активности на неколку часа во бегалскиот камп Џабалија за да им овозможи на цивилите да избегаат од таму.

„За ваша безбедност, придружете им се на стотиците илјади жители кои се преселија на југ во последните денови„, напиша портпаролот на армијата на арапски на мрежата Х.

На жителите им е дозволено да го користат крајбрежниот пат покрај Средоземното Море и оној што минува низ центарот на територијата. (МИА)

To top