Свет мерката на силастапува од 19 јануари

Италија ја продолжи граничната контрола кон Словенија за уште пет месеци поради ризик од продор на терористи

Контролата на североисточната граница на Италија долж границата со Словенија ќе биде продолжена за уште пет месеци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, пренесува италијанската агенција АНСА.

Италија ја продолжи граничната контрола кон Словенија за уште пет месеци поради ризик од продор на терористи

Мерката ќе стапи во сила на 19 јануари, објасни тој во пораката испратена до властите на ЕУ и министрите за внатрешни работи на земјите-членки.

Одлуката „е мотивирана од континуираниот ризик од терористичка инфилтрација меѓу лицата кои нелегално пристигнуваат во Италија и од фактот што најголемите текови на балканската рута транзитираат преку копнената граница со Словенија“, рече Пјантедоси.

Најнови вести од Свет

To top