Свет во операцијата учествуваа повеќе земји

Интерпол: Повеќе од 1.700 апсења во операција за борба против шверцот со оружје во Азија

Меѓународната криминалистичка полиција, Интерпол, денеска соопшти дека во операција против трговијата со оружје во Азија, уапсени се повеќе од 1.700 лица, а запленети се неколку стотици парчиња огнено оружје и муниција.

Интерпол: Повеќе од 1.700 апсења во операција за борба против шверцот со оружје во Азија

Голем број апсења, повеќе од 600, се извршени во провинциите на границата меѓу Пакистан и Авганистан, се наведува во соопштението на Интерпол, со седиште во Лион.

Операцијата, во која учествуваа десет земји, овозможи да се откријат маршрутите по кои камиони од Авганистан пренесуваат огнено оружје и муниција до Пакистан, се наведува во соопштението.

Борбата против трговијата со оружје во Централна, Јужна и Источна Азија е „комплицирана поради големиот број софистицирани огнени оружја во оптек, порозните граници и регионалните конфликти“.

Интерпол оцени дека трговијата со оружје е профитабилен извор на приход за криминалците од секаков вид.

Во операцијата учествуваа Брунеи, Кина, Индонезија, Кореја, Киргистан, Монголија, Непал, Пакистан, Филипини и Сингапур.

Најнови вести од Свет

To top