Хроника ОВР Кавадарци

Кривична за маж од Росоман, еве што најде полицијата кај него

На 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом  и биле пронајдени и одземени воздушна пушка „гамо“ со оптички нишан „бушнел“,  5 патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар…

Кривична за маж од Росоман, еве што најде полицијата кај него

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од К.З.

На 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом  и биле пронајдени и одземени воздушна пушка „гамо“ со оптички нишан „бушнел“,  5 патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар, а при претрес на неговото патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени и одземени 8 патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола.

To top