Свет израел

Илјадници Израелци на улица, бараат оставка од Нетанјаху

Илјадници Израелци излегоа на улиците во саботата да протестираат против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, барајќи негова оставка. Демонстрантите во Тел Авив побараа предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа. Протести се одржаа и во други израелски градови, вклучувајќи ги Ерусалим и Хаифа.

Жена која е ослободена од заробеништво и чиј сопруг сè уште е заложник од Хамас, им се обрати на демонстрантите во Тел Авив, велејќи му на Нетанјаху: „Вратете ги дома!“

Таа побара од израелскиот премиер да му даде „широк мандат“ на преговарачкиот тим да преговара за ослободување на преостанатите заложници во замена за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници.

„Не доаѓајте дома без договор, вратете ни ги најсаканите“, рече таа.

Израелските медиуми јавуваат дека поранешниот воен разузнавач Амос Малка, го повикал Нетанјаху да поднесе оставка.

„Владата жртвува заложници, го изолира Израел и го зајакнува Хамас“, рече поранешен разузнавач на протестот во Цезареја, каде Нетанјаху има приватна вила.
Противниците на владата од неделата планираат големи протести во Ерусалим, за кои беше најавено дека ќе траат неколку дена.

To top