Свет Напади на десетици цели на Хамас

ИДФ напредува во Кан Јунис, ракетиран југот на Израел

Израелската морнарица продолжи да им помага на копнените сили со напади и гранатирање цели на Хамас долж брегот.

ИДФ напредува во Кан Јунис, ракетиран југот на Израел

Израелската армија (ИДФ) изутрината соопшти дека нејзините војници напредуваат во копнена офанзива во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека воздушните сили извршуваат напади на десетици цели на Хамас.

Како што се наведува, двајца оперативци на Хамас излегле од тунелот и пукале во единицата Дувдеван, која возвратила и го уништила влезот на воениот објект.

Во северниот дел на Газа, ИДФ, во бегалскиот камп Џабалија, ја презеде контролата врз главниот пункт на Хамас во областа, убивајќи неколку оперативци.

Израелската морнарица продолжи да им помага на копнените сили со напади и гранатирање цели на Хамас долж брегот.

Во меѓувреме, во израелскиот град Сдерот и други места во пограничната област се огласија сирени за ракетна тревога.

Нема извештаи за повредени или материјална штета. Копнената офанзива на Израел принуди десетици илјади Палестинци да побегнат кон крајниот југ на малата енклава и ги спречи хуманитарните организации да доставуваат вода, храна и лекови.

Во Кан Јунис се водат жестоки урбани борби и се зајакнато е бомбардирањето како и претходните недели во градот Газа и на северот на палестинската територија.

To top