Свет финализирана ратификацијата

Ердоган го потпиша претседателскиот указ за прием на Шведска во НАТО

Ердоган го потпиша претседателскиот указ за прием на Шведска во НАТО

Законот што го одобри турскиот парламент во врска со протоколот за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) денеска е објавен во Службениот весник на Турција, со што беше финализирана ратификацијата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на нордиската земја во воениот сојуз и го одобри соодветниот протокол.

Законот сега стапи во сила.

To top