Свет нападот го осуди амбасадорот на сад

Двајца напаѓачи и двајца цивили убиени во терористички напад во Ерусалим, осуммина повредени

Две лица се убиени, а осуммина ранети во напад со огнено оружје на влезот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Една жена загина на местото на нападот, а повозрасен маж им подлегнал на повредите на пат кон болница.

„Двајца терористи кои пристигнаа на местото на настанот со возило вооружено со оружје пукаа кон цивили на автобуска станица, а тие беа неутрализирани од безбедносните сили и еден цивил кој се наоѓаше во близина“, соопшти израелската полиција.

Според полицијата, двете лица излегле од автомобилот околу 7:40 часот по локално време и отвориле оган кон автобуската постојка, каде се наоѓале голем број луѓе.

Идентитетот на напаѓачите не е веднаш соопштен, но дел локални медиуми објавија дека се од источен Ерусалим.

Голем број возила на брза помош и полиција се собраа на местото на нападот, а полицијата соопшти дека ја пребарува областа за да се увери дека нема други напаѓачи.

Амбасадорот на САД во Израел го осуди пукањето. „Грозен терористички напад во Ерусалим утринава. Недвосмислено го осудуваме таквото брутално насилство“, порача амбасадорот Џек Лу.

Најнови вести од Свет

To top