Свет

Борел од Хамас побара ослободување на заложниците, а од Израел да не биде обземен од бес

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска побара веднаш да се ослободат заложниците во Појасот Газа, но побара од Израел „да не биде обземен од бес“ во неговата битка со милитантите на Хамас во енклавата.

– Барам нивно итно и безусловно ослободување, наведе Борел при посетата на кибуцот, што беше нападнат од Хамас на 7 октомври.

Тој се обрати и до израелските власти.

– Ги разбирам вашите стравови и болка … Го разбирам вашиот бес. Но, дозволете ми да ве замолам да не ве обзема бес, истакна Борел.

To top