Свет СЗО

Болницата „Камал Адвин“ во Газа не работи, пациентите се евакуирани

„Не можеме да си дозволиме да изгубиме ниту една болница“, додаде претставникот на СЗО.

Болницата „Камал Адвин“ во Газа не работи, пациентите се евакуирани

Болницата „Камал Адвин“ на северот на Газа, во која израелските војници упаднаа минатата недела кога со булдожер влегоа во нејзиниот круг, повеќе не функционира и пациентите се евакуирани, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација, Ричард Пиперкорн, додавајќи дека меѓу пациентите имало и бебиња.

„Колку што разбравме болницата повеќе не функционира“, изјави Пиперкорн, објаснувајќи дека две новородени бебиња биле однесени дома од нивните семејства, додека другите пациенти, вклучително и доенчиња биле евакуирани во болниците „Ал Ахли“ и „Ал Шифа“.

Пајперкорн изјави дека наводно многу здравствени работници се во притвор.

„Не можеме да си дозволиме да изгубиме ниту една болница“, додаде претставникот на СЗО.

To top