Хороскоп диета

Тајната за совршена линија ја крие вашиот хороскопски знак

Астрологијата влијае на повеќе аспекти од нашиот живот, па така и во областа на здравјето и фитнесот.

Тајната за совршена линија ја крие вашиот хороскопски знак

Диетата не е патот до совршената линија, ако не ни верувате нам, тогаш консултирајте ги ѕвездите! Тие влијаат на повеќе аспекти од нашиот живот, па така и во областа на здравјето и фитнесот.

Овен

По природа се нестрпливи, сакаат сѐ да направат во истиот момент, а истото важи и за храната. Болна точка на секој Овен е брзата храна богата со јаглехидрати. За почеток, треба да престанат само да ја голтаат храната и да се обидат да уживаат во неа. Како вистински зависник од јаглехидрати, треба да имаат на ум дека препорачаното дневно внесување на калории е до 2.200. Здравото слабеење подразбира одземање на 500 калории дневно.

Бик

Бикот ја сака храната во сите етапи, од избирањето на производите и подготовката, па сѐ до консумирањето. Е сега, тука има и една негативна страна, односно вишокот килограми. Тие треба да научат да бидат умерени. Наместо да изедат сѐ во еден ден, треба да направат неделен план, па така колачињата може да се остават за понеделник, питата со вишна за вторник, чоколадото за среда..

Близнаци

Во храната уживаат како и во животот, со полни гради. Сепак, уживањето во разновидноста може да ги чини и неколку килограми повеќе. Мора да консумираат храна од сите групи на производи. Најмногу им одговара лесна медитеранска исхрана, распоредена во текот на денот во повеќе оброци, од 300 до 400 калории.

Рак

Без млечни производи, и тоа во поголема количина, Раковите не би можеле да си го замислат својот ден, па често и претеруваат со внесувањето масти. Треба да пијат повеќе вода, а можат и да се чувствуваат слободни да се засладат со некоја некалорична газирана напивка, така што воопшто нема да почувствуваат оптоварување при губењето на килограмите.

Лав

Како вистински претставник на мачките, на Лавовите месото им е неопходно за да функционираат нормално, но тие често ја губат контролата. Не ја сакаат ниту самата помисла на тоа дека треба да се откажат од нешто, па така го мразат и зборот „диета“. Тие се љубитело на храната која другите ќе им ја подготват, а тоа всушност може да биде добро, бидејќи некој друг на тој начин ќе ги контролира нивните порции.

Девица

Девиците се перфекционисти кои најчесто немаат проблеми со храната, но вистински ризик им се заканува тогаш кога во намера да се хранат здраво знаат да претераат со внесување на она што мислат дека не дебелее. Бидејќи не можат без леб, добро е да изберат интегрален и на тој начин да заштедат барем 200 калории дневно. И секако, мора да ги избегнуваат слатките. Потребниот шеќер може да биде внесен и преку природните овошја.

Вага

И птиците на гранките знаат колку терезиите ги сакаат слатките, но им недостига дисциплина. Тие ќе преживеат дури и ако не земат нешто слатко во истиот момент штом ги отворат очите. Треба паметно да ги планираат оброците. Бидејќи се родени дегустатори, потребни им се неколку помали оброци за цел ден да им се радуваат на новите вкусови. Посебно паѓаат на зачините. И тоа е одлично – секогаш е подобро да ги одбираат зачинетите јадења, наместо оние што се богати со калории.

Скорпија

Скорпиите се движат од крајност во крајност. Или ја сакаат храната повеќе од Бикот или гладуваат. Пред да ја коригираат исхраната, тие треба да се научат на умереност. Ним не им е потребна диета. Сѐ што им е потребно е правилно да ги распоредат оброците, да јадат на секои три до четири часа и да го почитуваат правилното дневно внесување калории. Треба да избираат зеленчук и месо и слободно можат да се засладат по главното јадење со слатка напивка.

Стрелец

Стрелците се знаци што најтешко ги прифаќаат диетите, бидејќи не сакаат никакви ограничувања. Среќа во несреќа е тоа што воедно се и љубители на физичките активности. За нив не постои откажување, па така омилените јадења и напивки и понатаму се наоѓаат на нивната трпеза. Сепак, најверојатно е дека Кока-колата со оригинален вкус, ќе ја заменат со диетална, а белиот леб со интегрален. Ќе заштедат калории, а насмевката на лицето и понатаму ќе им биде тука.

Јарец

Тие се традиционалисти кои најмногу уживаат во кујната на својата мајка и се вистински љубители на „тешката“ храна. Кога ќе помислат дека треба да намалат некој килограм, ги фаќа паничен напад. Тогаш, диетата воопшто нема ни да ја спомнуваме. Кујната на нивната мајка без сомнение е најдобра, а нивно е само да не ги прескокнуваат оброците и да ги ограничат порциите.

Водолија

Тие ретко имаат проблеми со килограмите, но бидејќи се многу дружељубиви, најголема мана им е тоа што постојано грицкаат нешто додека уживаат со пријателите. Најдобро е да се поштедат за време на ручекот, па слободно можат да се почестат со еден чизкејк. Или уште подобро е да се прескокне грицкањето со пријателите, па наместо тоа да испијат пијалак со засладувач.

Риби

Родените во овој знак и покрај тоа што често не се дисциплинарни, лесно прифаќаат нови производи во исхраната, а најмногу го мразат чувството на глад. И во право се! Никогаш немојте да гладувате, а за вашата линија најдобро ќе се погрижи медитеранската исхрана.

Најнови вести од Хороскоп

To top