Свет вон функција поради бомбардирањето

Болницата Ал Ахли во Газа престана да работи

Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.

Болницата Ал Ахли во Газа престана да работи

Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

– Болницата „Ал Ахли“ е вон функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на неколку припадници на медицински персонал, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен.

Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.

To top