Свет

Бајден ќе го посети Балтимор, ќе се сретне со семејствата на загинатите работници

Товарен брод удри во мостот „Френсис Скот Ки“ на 26 март, а работата за негово расчистување и обновување на сообраќајот е во тек. Посетата на Бајден, која ќе вклучи обиколка од воздух, доаѓа во момент кога државните и федералните власти алармираат во јавноста поради потенцијалните економски тешкотии што може да ги има затворањето на пристаништето врз регионалната економија, додека илјадници пристанишни работници веќе не работат, пренесуваат американските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го посети Балтимор за да изврши увид на местото каде што се урна мостот и да се сретне со семејствата на шестмината градежни работници кои загинаа.

Товарен брод удри во мостот „Френсис Скот Ки“ на 26 март, а работата за негово расчистување и обновување на сообраќајот е во тек. Посетата на Бајден, која ќе вклучи обиколка од воздух, доаѓа во момент кога државните и федералните власти алармираат во јавноста поради потенцијалните економски тешкотии што може да ги има затворањето на пристаништето врз регионалната економија, додека илјадници пристанишни работници веќе не работат, пренесуваат американските медиуми.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, кој ќе го придружува американскиот претседател, во телевизиски интервјуа пред посетата рече дека чистењето и обновувањето на мостот е од клучна важност за трговијата низ целата земја.

„Ова не влијае само на граѓаните на Мериленд. Ова влијае на земјоделците во Кентаки. Тоа влијае на дилерите на автомобили во Охајо. Тоа влијае на сопствениците на ресторани во Тенеси. Тоа влијае на целата земја и нашиот економски раст“, ​​изјави Мур за американскиот телевизиски канал МСНБЦ.

To top