Скопје

Утре без вода неколку улици во близина на ТЦ Ист Гејт Мол

Утре без вода неколку улици во близина на ТЦ Ист Гејт Мол

Поради промена на затварач од ф – 600 мм на ул. „Беласица“ б.б во непосредна близина на ТЦ Ист Гејт Мол, утре без вода ќе останат корисниците од улиците „Беласица“, „Хусеин Бајрам“, 164, 165, 166 и 171, како и сите стопански и нестопански објекти во нивна близина во општина Гази Баба.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот па се до завршување на работата.

To top