Ракомет

Кузмановски: Тешко се опишува што чувствувам по ваква победа на Македонија

Кузмановски: Тешко се опишува што чувствувам по ваква победа на Македонија

Филип Кузмановски е еден од најискусните играчи во актуелната генерација на македонската ракометна репрезентација, а по денешната важна победа над Фарските Острови, не го криеше задоволството од пласманот на следниот мундијал.

– Пресреќен сум за екипата и пред се поради фактот што покажавме дека имаме играчи со карактер, тоа се покажа уште од првата минута.Покажавме како треба да се игра за Македонија, како треба да се игра еден за друг, гиневме од почеток иако беше тежок поразот што го доживеавме на првиот натпревар. Посакувам луѓето да бидат во моето срце и да знаат колку сум среќен што ќе играме на Светското првенство. Фарските Острови играат скандинавски ракомет, не сакам да ги потценувам, но се работи за многу млади играчи и бев многу мотивиран да ги елиминираме.Бевме максимално фокусирани, пожртвувани и максимално концентрирани во одбрана и со одличната поддршка на публиката ја остваривме целта, – истакна Кузмановски.
To top