Скопје Инвестиции во патната инфраструктура

Стефковски: Продолжува модернизирањето на патната инфраструктура во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што се во тек градежни активности за изградба на улица 1.

Стефковски: Продолжува модернизирањето на патната инфраструктура во Гази Баба

За посетата градоналчалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:

Изградба на крак од улица 1 во населено место Стајковци.

Утрово направив увид на градежните работи за изградба на крак од улица 1 во населеното место Стајковци.

Изградбата на оваа улица ја вршиме со павер елементи.

Изминатиот период како локална самоуправа инвестиравме во изградба на улици, скверови и пешачки патеки со павер елементи во повеќе населени места низ општина Гази Баба.

Инвестициите во модернизирање на патната инфраструктура ќе продолжат и во следниот период.

Како градоначалник задоволен сум од реализираните проекти во оваа област и така ќе продожиме и во текот на новата 2024 година. – напиша Стефковски.

To top