Скопје ќе продолжиме со инвестиции , вели Стефковски

Стефковски: ООУ „Кирил и Методиј“ доби наставен кабинет за реализација на часовите по предметот информатика.

ООУ „Кирил и Методиј“ доби наставен кабинет за реализација на часовите по предметот информатика, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Стефковски: ООУ „Кирил и Методиј“ доби наставен кабинет за реализација на часовите по предметот информатика.

Денес го посетив општинското основно училиште Кирил и Методиј во населеното место Стајковци каде што завршија активностите за опремување на наставниот кабинет по предметот информатика.

Со реализација на овој проект обезбедивме 41 компјутер со кои опремивме еден кабинет во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци и еден кабинет во подрачното училиште во Страчинци. Вкупната инвестиција изнесува околу 1.000.000 денари.

Со опремувањето на кабинетот за реализација на часовите по предметот информатика, како и со целосната изградба на новата училишна спортска сала, слободно можам да кажам дека обезбедивме услови за современа настава за учениците во ООУ Кирил и Методиј.

И во следниот период ќе продолжиме со инвестиции за подобрувањето на условите за образование и воспитание на децата.

Работиме одговорно, чесно и посветено бидејќи создаваме дела за иднината‼️, пишува Стефковски во својата објава.

To top