Скопје „Создаваме дела за иднината!“

Стефковски на терен: Дадениот збор во Гази Баба се исполнува

Мојата инспирација и мотив за посветена работа во реализација на нови проекти доаѓа од граѓаните!, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Стефковски на терен: Дадениот збор во Гази Баба се исполнува

Денес ја асфалтиравме улица 8 во населеното место Булачани која е во должина од околу 400 метри.

Навистина претставува задоволство кога граѓаните низ населените места не дочекуваат со насмевка на лицата.

Долги години на луѓето им биле давани лажни ветувања и биле оставани да газат кал. Тоа време во општина Гази Баба е завршено! Дадениот збор се исполнува!

Нашиот народ заслужува подобри услови за живот и на тоа работам од првиот ден на мојот мандат!

Само оваа година инвестиравме во реконструкција и ревитализација на голем број на локални улици, а со тоа темпо ќе продолжиме и следната година.

Создаваме дела за иднината!, пишува Стевковски во својата објава.

To top