Изминатите денови синдикатот на УПОЗ без водење на никаков дијалог со Владата започна протести во различни институции на државната управа.
Курир дознава дека УПОЗ имал намера протести да организира и на локално ниво, една од таргетираните општини била скопска Гази Баба.
Согласно информациите до кои дојдовме општината во дијалог со репрезентативен синдикат веќе подготвува измена на колективниот договор со кој платите на општинската администрација ќе бидат зголемени за што се предвидени средства во буџетот на општината за 2025 година.
Но и покрај ова, согласно нашите информации УПОЗ планирал оддржување на протест во оваа скопска општина со што легитимно се поставува прашањето што е целта на организирањето на протест во случај кога е постигнат договор за покачување на платите?
Поддршка на намерата за оддржување на протест, раководството на УПОЗ во синдикалната организација на општина Гази Баба кое е со истечен мандат не добило од вработените кои се членови на синдикатот по што тие донеле одлука масовно да истапат од членството во УПОЗ.
Вработениот со кој разговараше Курир, вели дека наместо за правата на вработените, раководството на УПОЗ во Гази Баба се бори за сопствени привилегии.
Ова што се случува е срам за синдикалното движење во Македонија. На договорено покачување на плата, раководството на УПОЗ во нашата работна организација и покрај тоа што е со истечен мандат бара од нас да организираме протест. Се зачленив во УПОЗ верувајќи во она што го зборуваат, но за жал наместо за нашите права, тие се борат за сопствените привилегии и интереси. Никој не може да си поигрува со нашето достоинство, затоа денес се самоорганизиравме и колективно го напуштивме УПОЗ – истакна вработениот во општинската администрација на Гази Баба кој сакаше да остане анонимен за јавноста