Скопје Аплицирајте

Општина Гази Баба доделува субвенции за менување на кров за социјални семејства

Општина Гази Баба објави Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик.

За јавниот повик, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

Почитувани граѓани,

Општина Гази Баба објави Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик.
Јавниот повик опфаќа:

1. Менување на кровови на станбени згради;
2. Менување на кровови на индивидуални куќи на семејства во социјален ризик;.

– Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кров на станбени згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 700.000,00 денари.

– Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на индивидуални куќи во социјален ризик искористени за реконструкција на кров на индивидуална куќа, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 200.000,00 денари.

Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат, напиша Стефковски.

To top