Скопје општина бутел

Ќе се гради спортско – рекреативен центар во Кучевишка бара

На местото на старото фудбалско игралиште во населеното место Кучевишка Бара ќе се гради нов спортско – рекреативен центар кој ќе се протега на површина од 2.000 квадратни метри и ќе има многу нови содржини.

Од Општина Бутел појаснуваат дека станува збор за ново фудбалско игралиште со високо квалитетна вештачка трева, детско игралиште кое ќе го замени старото и уништено, летниковец и нови клупи. Исто така ќе има и парк и нова зелена површина.

Зачувување и негување на маалскиот живот е наша цел и за тоа ќе се борам додека трае мојот мандат – потенцира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

To top