Македонија избори 2024

Костовски: Граѓаните во Бутел чувствуваат дека општината се менува на подобро и на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови

За да има едно релаксирање треба да имаме влада која што навистина има сериозен план да создава нешто, истакна Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во своето гостување во радио Лидер.

Костовски: Граѓаните во Бутел чувствуваат дека општината се менува на подобро и на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови

Костовски укажа дека граѓаните на општина Бутел се убедени дека тој станал градоначалник да ја менува општината на подобро и заради тоа даваат поддршка.

-Колку што се сеќавам во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со покрупни проекти имаше често поддршка и од страна на опозицијата. Јас секако го земам примерот и со општина Бутел, мислам дека советниците од сите политички партии веќе се убедени дека станав градоначалник за да пробам да ја менувам општината на подобро и тие тоа го чувствуваат и токму заради тоа даваат поддршка, рече Костовски.

Тој во своето гостување потенцираше дека голем број од проектите кои ги ветил се или започнати или веќе завршени.

-Има неколку проекти кои ги ветив и сакам да почнат да се градат како што е градење на нова поликлиника во Бутел, затоа што другите капитални проекти се или започнати, а некои и се завршени. Но еве народски кажано сакам да си ја довршам работат која што сум ветил, кажа тој.

На крај Костовски се осврна и на изборите каде порача дека во Бутел ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови.

-Во врска со парламентарните изборите со сигурност можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови во Бутел, додаде тој.

Најнови вести од Македонија

To top