Скопје

Дел од Аеродром без вода

Дел од Аеродром без вода

Без вода денеска од 14:45 часот се дел од жителите на општина Аеродром, лоцирани на улиците „Бојмија“, „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Владимир Комаров“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект во висока зона од ф-150 милиметри на улица „Бојмија“ бр.8.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со работните активности.

To top