Република ЦЈЗ - Охрид:

Водата во Струга не е за пиење поради зголемена матност

Водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење.

Водата во Струга не е за пиење поради зголемена матност

Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.

Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ – Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравственобезбедна и не треба да се користи за пиење.

-Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, стои во информацијата на ЦЈЗ – Охрид.

Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена.

Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга.

Најнови вести од Република

To top