Регион Извештај

ТИ: БиХ не исполни ниту осум услови за „условно кандидатски статус“

Според ИТ БиХ изостанаа и два сеопфатни закони за реформи во правосудството.

ТИ: БиХ не исполни ниту осум услови за „условно кандидатски статус“

„Транспаренси интернешнал БиХ“ (ТИ БиХ) соопшти дека извештајот на Европската комисија покажал дека Босна и Херцеговина не исполнила ниту „осумте услови за условен кандидатски статус, што ЕУ минатиот декември и го додели на земјата.

ТИ БиХ истакнува дека земјата не постигнала никаков напредок во борбата против корупцијата и владеењето на правото во изминатата година.

– И покрај препораката за условно отворање на преговорите, која треба да ги охрабри властите конечно да пристапат кон спроведување на суштинските реформи и подготвеноста на ЕУ да го забрза процесот на проширување, извештајот укажува дека властите на БиХ избегнувале носење клучни закони за владеење на правото, мал број реформски закони се донесени во верзија која не е задоволителна и се случија серија напади врз граѓанските слободи, се истакнува во анализата на „Транспаренси интернешнал БиХ“.

ТИ посочува дека дека меѓу тие осум услови, беше наведено дека БиХ ќе ја гарантира слободата на изразување и медиумите, што не може да се смета за исполнет услов со оглед на криминализацијата на клеветата во Република Српска и најавата за низа рестриктивни закони со кои се планира за се сузбие слободата на изразување.

Исто така се истакнува дека „еден од условите беше донесувањето на законот за спречување на судир на интереси, кој не беше донесен на ниво ниту БиХ ниту на Федерацијата БиХ, па дури и беа направени дополнителни чекори назад со неодамнешните измени на овој закон во РС.

Според ИТ БиХ изостанаа и два сеопфатни закони за реформи во правосудството.

– Со ваков пристап, тешко е да се очекува поголем напредок во следните четири месеци, бидејќи вакво нешто не е постигнато во изминатите четири години, односно од 2019 година, кога ЕУ постави 14 клучни приоритети од кои БиХ целосно исполни само една. Поради тоа ТИ БиХ уште еднаш апелира до властите на сите нивоа да ја искористат подготвеноста на ЕУ да го забрза процесот на проширување и да ги спроведе суштинските реформи кои се првенствено неопходни за подобрување на состојбата во БиХ во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата, се посочува во соопштението на ТИ БиХ.  (МИА)

To top