Регион србија

Приведен полицаец од Бор поради давање информации за исчезнувањето на Данка

Приведен полицаец од Бор поради давање информации за исчезнувањето на Данка

Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2), јавуваат српските медиуми.

Засега не е познато за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.

Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.

Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.

Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.

Таткото го поминал полиграфското испитување, а според локалните медиуми, мајката по четврт пат е со полициска станица каде заедно со службениците ги поминуваат сите детали.

To top