Регион Утка или протекција?

Обвинителството и судот повторно ја утнаа: Груби на Косово во „приватна“ посета

Проблемот е што јавниот притисок, кој резултираше со преземање списи и записници од Судскиот совет за случајот со судењето на Мијалков, резултираше повторно со очебијна половична ангажираност на обвинителите кои не побарале од судот мерка – одземање на патните исправи на осомничените во случајот, односно на Артан Груби и Енвер Беџети. Така, Груби се најде на Косово, а можеше да биде и во Тринидад и Тобаго, затоа што никој не ја одзел времено неговата патна исправа. Тој слободно, можеше да се упати кон која било земја со која Македонија нема договор за екстрадиција.

Обвинителството и судот повторно ја утнаа: Груби на Косово во „приватна“ посета

Артан Груби, од пред само два дена „поранешен“ висок функционер на ДУИ се наоѓа на Косово. По медиумските објави дека човекот кој минатиот понеделник се разбуди на Црната листа на САД за случај со значителна корупција и директна вмешаност во судски скандал со мито и корупција е во бегство и на Косово, лично Груби пиша и потврди на Фејбук дека е на Косово во наводна приватна посета, демантирајќи дека избегал.

„Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство отвори случај против него и судијата Енвер Беџети за сомнеж со мито и корупција за судски процес против Мијалков. случајот се отвори дури по директните прозивки на американската амбасадорка Агелер, премиерот Мицкоски и македонската јавност.

Jавниот притисок резултираше со отворање случај и итно преземање списи и записници од Судскиот совет за случајот со судењето на Мијалков но и без барање од судот на мерка – одземање на патните исправи на осомничените во случајот, односно на Артан Груби и Енвер Беџети. Така, Груби се најде на Косово, а можеше да биде и во Тринидад и Тобаго, затоа што никој не ја одзел времено неговата патна исправа. Тој слободно, можеше да се упати кон која било земја со која Македонија нема договор за екстрадиција.

Ноншалантното однесување отвора сомнеж за влијанија на осомничените врз институциите, едната со еден насто, а другата со „цели“ два насто доверба од јавноста.

Јавноста е во дилема: Ќе се сетат ли по екскурзијата на Груби во Косово (кој ветува, но не мора да значи и дека ќе се врати во земјата), да му ги одземат патните исправи (секако, доколку имаат докази за такво барање, докази кои ги има САД, а тие не?!) или повторно ќе добијат дијареа и стомачни вируси…

To top