Регион Децата и вработените се евакуирани

Нови дојави за поставени бомби во училишта во Белград

Училишта во Белград денеска повторно добиле дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми.

Нови дојави за поставени бомби во училишта во Белград

Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби.

Децата и вработените се евакуирани од училиштата.

Во изминатите денови зачестија анонимните дојави за бомби во белградските училишта, а МВР на Србија во петокот соопшти дека при детален преглед не била откриена ниту една експлозивна направа.

МВР на Србија и Министерството за образование вчера соопштија дека се подготвува нов безбедносен протокол за училиштата и градинките. Со него се предвидува училиштата и градинките да се проверуваат секоја вечер, а потоа да се заклучуваат. Според тој протокол, родителите чии деца одат во градинка би ги носеле децата само на влезната врата.

To top