Македонија ВРЕДИ предизвик за Груби

ВРЕДИ го трола Груби: Артан, не бегај, дојди и соочи се!

„Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесеш одговорност – да побегнеш“, се вели во соопштението.

ВРЕДИ го трола Груби: Артан, не бегај, дојди и соочи се!

Веќе разбиениот Европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ, соопшти коалицијата Вреди.

„Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела!“, соопшти Вреди.

Коалицијата Вреди, се додава во соопштението, одамна предупредува дека ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби.

„ДУИ не може да повикува на заштита на знамето, јазикот и на Албанците, бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесеш одговорност – да побегнеш“, се вели во соопштението.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика, се додава, се вистинското лице на криминалот и корупцијата.

„Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат. Коалицијата Вреди е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата. Никој не е над законот“, порача владејачката коалиција.

Најнови вести од Македонија

To top