Македонија протест на „Синдикатот на култура“

Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори

– Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска.

Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора – колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.

– Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.

Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести.

Поддршка на вработените од културата им даде и Сојузот на синдикати на Македонија.

– Тоа што треба да го направат е во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент 1 е минималната плата или 22.567 денари, таа се множи по коефициент на сложеност и да стават уште една ставка дека основната бруто плата на работикот согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10 проценти. И на тој начин да се реши дилемата дека овие вработени нема да добијат само 2,15 проценти, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

На ова реагираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која на прес-конференција рече дека нема промена во Општиот колективен договор, ниту во колективниот договор за култура.

-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин – основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.

Како што посочи, единствената промена што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента што е променета.

-Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министерката, додавајќи дека во изработката на ова решение се консултирале и со МТСП и Државниот инспекторат за труд.

Најнови вести од Македонија

To top