Македонија избори 2024

Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори

Во општините Штип, Карбинци, Пробиштип и Свети Николе гласањето попладнево се одвива мирно и без приговори кон општинските изборни комисии.

Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори

Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека на 74 избирачки места во Штип за на претседателските избори излезноста е 48,13, а на парламентарните избори е 48,09 отсто од вкупниот број на избирачи.

Гласачките места се затвораат во 19 часот, а од 17 часот веќе има и поголема излезност, односно граѓаните го користат своето право на глас на двојните избори.

Најнови вести од Македонија

To top