Македонија избори 2024

Во Куманово за претседателските избори излезноста до 13 часот e 21,62 отсто, а за парламентарните 24,82 отсто

Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

Во Куманово за претседателските избори излезноста до 13 часот e 21,62 отсто, а за парламентарните 24,82 отсто

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово за претседателските избори излезноста до 13 часот e 21,62 отсто, а за парламентарните е 24,82 отсто.

Во Липково, според ДИК излезноста за претседателските е 3,28, а за парламентарните 17,07проценти. Во Старо Нагоричане пак за претседателските излезноста е 24,32, додека за парламентарни изнесува 24,68 отсто.

Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Најнови вести од Македонија

To top