Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Утрово магла на овие патни правци во Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Утрово магла на овие патни правци во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50м до 100м има на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top