Македонија партијата прашува дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот?

ВМРО-ДПМНЕ: Додека има летови, во контролата за летови ДУИ дели тупаници на Албанци неистомисленици

Од партијата прашуваат дали и сега одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?

ВМРО-ДПМНЕ: Додека има летови, во контролата за летови ДУИ дели тупаници на Албанци неистомисленици

По нападот кој попладнево се случи врз вработени во М-НАВ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.

-Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот. Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат? Во која друга европска држава има ваков скандал? Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали и сега одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?

-Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници. Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо? И на Албанците им прекипе од ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top