Свет Сингапур

Остин ќе се сретне со Донг

Изјавата на Пател уследи по средбата помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, кои најавија „нова ера“ во партнерството меѓу двата најмоќни американски ривали. Тие ги нарекоа САД хегемон од Студената војна што предизвикува хаос низ целиот свет. 

Остин ќе се сретне со Донг

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се очекува да се сретне со кинескиот колега Донг Џун на конференција во Сингапур во текот на овој месец, објавија американските медиуми повикувајќи се на неименнуван американски официјален претставник.

Тоа ќе биде прва значајна средба меѓу двајцата во изминатите две години, иако Остин и Донг телефонски разговараа минатиот месец.

Во меѓувреме, портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави дека САД веруваат дека Кина ефикасно ја реконструирала руската одбранбена индустриска база, нарекувајќи ја „длабоко проблематична“ и истакнувајќи оти Вашингтон ќе преземе соодветни мерки по ова прашање кога тоа ќе биде неопходно.

Изјавата на Пател уследи по средбата помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, кои најавија „нова ера“ во партнерството меѓу двата најмоќни американски ривали. Тие ги нарекоа САД хегемон од Студената војна што предизвикува хаос низ целиот свет.  (МИА)

To top