Македонија Интервјуа ИНТЕРВЈУ

Велковски за КУРИР: Ветуваа „План за живот во Македонија“, а денес немаме живот – имаме само преживување!

-Една парола која ја водеше Социјалдемократскиот сојуз беше „План за живот во Македонија“, епа во Македонија денеска немаме живот, имаме само преживување, за жал, посочи министерот за труд и социјална политика.

Велковски за КУРИР: Ветуваа „План за живот во Македонија“, а денес немаме живот – имаме само преживување!

„Во Македонија имаме околу 600.000 граѓани кои имаат само 100 денари денес во џебот, за да купат да јадат и целиот ден да го преживеат. Тоа не е социјална помош, народот е доведен буквално на питачки стап“.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Со него разговаравме за повеќе теми. Само неколку дена по превземањето на функцијата во техничката Влада одговори кои се неговите очекувања за мандатот од 100 дена, во каква состојба го “наследи“ министерското столче, што ќе му биде во фокусот и какви промени се негова цел.

За време на техничката Влада и предизборието, примателите на социјална парична помош често биле мета за обиди за манипулација.

Го прашавме министерот која е неговата порака до секој граѓанин кој ќе добие закана дека ќе остане без социјална помош или друга парична помош доколку не гласа за партијата која тоа ќе му го нареди.

-Во Македонија имаме околу 600.000 граѓани кои имаат само 100 денари денес во џебот, за да купат да јадат и целиот ден да го преживеат. Тоа не е социјална помош, народот е доведен буквално на питачки стап. Овие луѓе беа предизвикани од оваа Влада која 7 години ги третира на работ на сиромаштијата. Треба да се срамиме од фактот што толку многу граѓани се доведени до едно вакво ниво. Не смее ниту еден да биде загрижен. Овие категории знаеме дека биле злоупотребени во минатото, но еве јас давам порака кон овие граѓани дека секој оној кој ќе добие одредена закана дека ќе му биде укинато правото на социјална помош или другите социјални права или дека нема да му биде дадено во иднина, воопшто да не се плашат. Дека такво нешто нема да се стори и ако има нешто такво, слободно ги мотивирам за да пријават, посочи Велковски.

Министерот потсети на слоганот кој СДСМ го зборуваше со цел да дојдат на власт, но оцени и каква е реалноста во оваа насока.

-Една парола која ја водеше Социјалдемократскиот сојуз беше „План за живот во Македонија“, епа во Македонија денеска немаме живот, имаме само преживување, за жал, посочи министерот за труд и социјална политика.

Целото интервју со министерот Велковски, КУРИР ќе го објави утре.

Најнови вести од Македонија Интервјуа

To top