Македонија следи период на анализа на документацијата

Тројцата трудови инспектори ја докомплетираа документацијата за случајот М-НАВ

Троцата инспектори на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги докомплетираат документите и завршија со разговорите во М-НАВ. Надзорот се уште трае, наредната недела инспекторите ќе ја разгледуваат обемната документација од инспекцискиот надзор, вели за МИА, директорката на ДИТ, Весна Томовска.

Тројцата трудови инспектори ја докомплетираа документацијата за случајот М-НАВ

-Значи нема повеќе да се оди кај работодавачот, сега ќе следи период на анализа на документацијата, разгледување и утврдување на фактичката состојба, вели Томовска.

Таа посочува дека се разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.

-Последните огласи за вработување се четири, објавени се 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со синдикатот денес имаа разговори, го имаа и повикано синдикалниот претставник ги достави и тој потребните документи што им беа потребни на инспекторите во делот на тоа како се одвивале преговорите, дали е штрајкот најавен, дали имаат било каква документација во делот на нивните барања, дали се економско-социјални барањата, вели Томовска.

Таа посочи дека овие анализи ќе потројат најмалку една недела, затоа што какошто вели инспекторите навистина имаат обомена документацијата и секое досие треба да го разгледаат посебно.

Државниот инспекторат за труд во М-НАВ влезе по случувањата во оваа институција.

Најнови вести од Македонија

To top