Македонија Дополнителен замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка заради катастрофалните политики на СДС

Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.

Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка заради катастрофалните политики на СДС

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку Фејсбук објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.

Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.

Во прилог ви ја пренесуваме целосната Фејсбук објава на Трипуновски:

-Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството‼️
Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија‼️
Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016 – Извор: ДЗС
Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016 – Извор: ДЗС
Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top