Македонија Потчинетоста како бумеранг

Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално, има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски

Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е јасна и бизарна – немале членство таму, односно не би добиле гласови со овие експресни патипшта. Потврда на сомнежот во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски даде и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој во рок од десетина дена и по само шест месеци на функцијата со многу работа и труд успеја да ги пушти во употреба делниците Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново.

-„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски, кој цени дека главната поента е дека оние луѓе кои што биле на власт од СДСМ, кои биле задолжени за работите, ресорното министерство и  функционерите од тој крај можеле да направат еден поголем притисок за да тоа се заврши. Но, никогаш не го сториле тоа.

-„Велат дека асфалтото бил направен во нивно време на Страцин-Паланка, но јас бев многу јасен и прецизен во својот говор – во делот на компанијата „Штрабак“ од 15.5 километри, немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт! Дури и земјените и тампонските работи не беа завршени“, потенцира Коце Трајановски.

На фалбите на СДСМ дека тие цели завршиле цели 92 насто од правецот Градско-Дреново, Трајановски посочува дека малку е комично по една година целосен застој да тврдите дека само осум насто останале за пуштање на експесниот пат.

-„Малку е смешно, ако вие само за тие осум насто не сте успејале да го завршите за година дена, во тој случај се рпашуваме кога би ги завршиле тие 8%, со оглед на тоа дека година дена пред јас да дојдам за директор на ЈПДП, година дена компанијата „Штрабак“ беше повлечена од оваа траса – значи немаше вработени, немаше опрема, немаше механизација, се’ беше оставено. Имаше два анекси, не беа потпишани, а бидејќи ова е преку ИПА фондовите, 71% е од ИПА грант, односно 28 милиони евра од вкупно 37,5 милиони, а останатото е финансирање од државата. Кога дојдовме на позиција, со ангажирање на министерството за финансии, на министерството за транспоорт и министерот Николоски и мое ангажирање, успејавме да го надминеме тој проблем, тие два анекси да се потпишат, работеше еден голем тим на луѓе 20 до 30 дена и заедно со ЕК делегацијата тоа се прифати и почна да се плаќа. Во прашање беа околу 13.5 милиони евра, не беа ни исполатени. Сега, како можеш ти да кажеш дека си завршил 92%, а само 8% не си завршил, а практично година дена не се работеше, беше стопиран тој пат“ објасни Трајановски во емисијата на ТВ Алфа.

To top