Македонија ОВР Струга

Тошковски: Направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес

„Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал“, издвои министерот Тошковски.

Тошковски: Направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи во Струга каде од страна на раководството беше запознаен со нивната тековна работа, постигнатите резултати како и проблемите со кои се соочуваат.

„Безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ОВР Струга е стабилна и во првото тромесечие од 2024 година не се евидентирани посериозни настани од безбедносен интерес. Во делот на имотните кривични дела има мало зголемување, но од нивна страна се преземаат потребните мерки и активности за сузбивање на овој вид криминал.
Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал“, издвои министерот Тошковски.

Што се однесува до материјално-техничките средства го потенцираа недостатокот на возила особено во ПО Велешта кое покрива голема територија, а во моментот нема ниту едно возило. Од аспект на човечки ресурси и овде пополнетоста е на многу ниско ниво.

Во насока на претстојните избори министерот Тошковски образложи дека направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес и се преземаат сите мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности.

To top