Македонија македонски музичари за пречекот на новата година во скопје

Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2024

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2023 и ќе ја пречекаат Новата 2024 година.

Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2024

За пречекот на Нова година вечер на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.

Градските власти соопштија дека оваа година средствата место за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели.

– Новата година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, се вели во соопштението на Град Скопје.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

Новата 2024 година со огномет и забави први ја пречекаа жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, кој е дел од Кирибати, каде живеат околу 5.000 луѓе.

Киритимати, најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати, е првиот населен остров каде започнува секоја нова година.

Новата 2024 година беше пречекана во Нов Зеланд, а во најголемиот новозеландски град Окленд од Скај Тауер (Sky Tower), највисоката зграда во земјата, беше пуштен огномет.

Новата 2024 година пристигна во источните делови на Австралија, вклучувајќи ги и нејзините најголеми градови Сиднеј, Канбера и Мелбурн. Долгоочекуваниот спектакуларен огномет на сиднејскиот Харбор Бриџ (Пристаништен мост) и операта го осветли небото на градот, со овации од голем број луѓе кои беа присутни на прославата.

Најнови вести од Македонија

To top