Македонија По трагедијата

Странските доктори кои спасуваа животи во Македонија се врвни светски експерти (ВИДЕО)

Координацијата со колегите од македонскиот здравствен систем, како и со државните органи беше на највисоко ниво за што сме им благодарни. Така брзо можевме да започнеме со извршување на задачите, рече докторот.

Странските доктори кои спасуваа животи во Македонија се врвни светски експерти (ВИДЕО)

Врвни светски доктори дојдоа во Македонија по големата трагедија која се случи во Кочани. Тие водеа битка за здравјето на нашите сограѓани кои се здобија со повреди минатата недела во големиот пожар. Дел од нив вршеа операции, помагаа во лекувањето и санирање на повредите, а дел помагаа при транспорт на нашите пациенти во странските земји.

Видео плејер

Полковник доктор Раде Вуковиќ од ВМА во Белград е анестезиолог кој меѓу првите притрча во помош.

-Нашата земја, пред се Министерството за одбрана на војската на Република Србија меѓу првите се одзва на повикот за помош на братскиот македонски народ. Беше организиран тим од лекари и техничари од ВМА со задача да ги транспортира повредените од Македонија кон нашите здравствени установи, а дел од екипата остана во Македонија и да им помогне на колегите во примарната здравствена грижа за пациентите. Јас бев на чело на тој тим и сакам да напоменам дека во исто време кога ние тргнавме, тргнаа и тимови лекари од Воената болница во Ниш со иста задача. Координацијата со колегите од македонскиот здравствен систем, како и со државните органи беше на највисоко ниво за што сме им благодарни. Така брзо можевме да започнеме со извршување на задачите, рече докторот.

Доктор Шахар Шапирa, заменик директор на центар за одговор на хуманитарни катастрофи, Шиба медицински центар, водечка болница во Израел беше исто така од голема помош.

Израелските доктори, кои пристигнаа во Македонија и извршија 23 операции за само 24 часа, велат дека властите одлично се справиле со катастрофалната состојба. Ова е само почетен степен, знаеме дека ќе треба да се направат дополнителни чекори за целосно закрепнување на повредените.

„Од име на израелската делегација и државата Израел, медицинскиот центар Шеба и другите водечки центри ја поддржуваме Македонија во оваа криза. Мислам дека ниедна земја не може сама да се справи со ваква катастрофа, а вие се справивте со тоа на одличен начин.“

И израелскиот професор Офер Марин, претставник на Министерството за здравство на Израел изрази искрено сочувство.

„Во овие моменти нема граници меѓу државите и тоа е предизвик за сите кои сакаат да помогнат. Израелците се привилегирани што и тие учествуваат во помошта. Сите тука не пречекаа со големо добредојде, а три дена и ноќи работевме со одлични доктори и медицински сестри за да им помогнеме на повредените.“

Обраќањето на полковник Радек Долежел, УВН Прага (Military University Hospital Prague) слушнете го во продолжение.

Целиот тим е составен од врвни светски експерти на кои Македонија им е благодарна за целата помош.

Најнови вести од Македонија

To top