Македонија Блокадата траеше од 9 до 12 часот

СКОПЈЕ УШТЕ ОД ДЕНЕС ВО КОЛАПС: Хаос низ улиците, Курир на терен – трпението на граѓаните и возачите на тест пред утрешниот совет на ОБСЕ (ФОТО)

Нервозните граѓани кои полицијата ги пренасочуваше свиреа и се бунеа на блокирањето уште од рано утрово.

СКОПЈЕ УШТЕ ОД ДЕНЕС ВО КОЛАПС: Хаос низ улиците, Курир на терен – трпението на граѓаните и возачите на тест пред утрешниот совет на ОБСЕ (ФОТО)

Неколку сообраќајници утрово Скопје беа затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од утре до петок ќе се одржува во Спортско – рекреативниот центар „Борис Трајковски“.

Утрово екипата на КУРИР беше на терен на булеварот „8-ми септември“  кои беше целосно затворен за сообраќај, па граѓаните утрово едвај стигнаа на своите работни места.

Нервозните граѓани кои полицијата ги пренасочуваше свиреа и се бунеа на блокирањето уште од денес рано утрово.

Поради блокадата во Карпош имаше целосен колапс на сообраќајот, особено во близина на трговскиот центар „Лептокарија“ и поликлиниката „Букурешт“.

Од МВР велат дека овие улици и булевари ќе бидат затворени до 12 часот попладнево.

Најнови вести од Македонија

To top