Македонија НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!

Синдикат на полиција во Македонија: Пратениците од ВЛАСТА НЕ ГО ОДОБРИЈА предлогот на СПМ за покачување на платите во Полицијата!

2023 година ќе биде запаметена како година кога вработените на МВР, после тоталното „давење“, добија малку воздух за дишење со минималните покачувања на платите. За тие покачувања, за кои постоеше голема можност да бидат достоинствени и на ниво, многу колеги, а најмногу претставниците, членовите и подржувачите на СПМ, буквално беа фрлени да голтаат прашина од страна на повисоките структури во хиерархијата. Но и покрај тоа, ние како Синдикат останавме на нашиот став за заштита и подобрување на правата на вработените во Полицијата, велат во соопштението од Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ).

Синдикат на полиција во Македонија: Пратениците од ВЛАСТА НЕ ГО ОДОБРИЈА предлогот на СПМ за покачување на платите во Полицијата!

-Во тој контекст, спроведени се преговори со парламентарни партии и групи кои имаа можност да предложат, спроведат и одобрат зголемување на платите во МВР и враќање на дневниците за службено патување, кои мора да напоменеме дека беа укинати во парламентот од актуелната власт во 2022 година.

За таквите наши барања наидовме на апсолутна подршка од Претседателот и дел од членовите на Комисијата за финансирање и буџет од кои беше даден збор дека ќе биде преземено се што е во нивна можност за да се изгласа на Собрание предложениот амандман на СПМ за зголемување на платите во МВР за 10%, која е максималната можност во овие услови.

Паралелно на тоа, „ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЗЕРВАТИВЕН„ излезе со манипулативно барање пред Комисијата за наводни 20% за кои јасно беше кажано дека не постои можност за толкаво покачување. Со самото тоа очигледен беше нивниот обид за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи не е во полза за нив и нивниот вечен партнер!

Но,големиот удар доаѓа секогаш од врвот. Вчера бевме известени дека предложениот амандман за зголемување на платите во Полицијата за 10% и враќање на дневниците за службено патување БЕШЕ ОДБИЕН СО ЗАСЛУГА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ.

Ние прашуваме ЗОШТО? Која е причината заради која не го изгласаа овој амандман? Дали работникот во МВР стана последна дупка на кавалот и дали заслужил полицаецот ваков игнорантски однос од сопствената власт? Во очи на предизборен и изборен процес кога се бара апсолутен професионализам, каде ангажманот на полицијата ќе биде клучен и максимален, власта не дозволува покачување на платите на истите тие полицајци?

До кога ние ќе чекаме корка леб? До кога ќе се изложуваме на огромни ризици за трошки и до кога ќе бидеме заложници на одредена група на самопромовирани водачи?

Господа, Внимавајте со чекорењето и ветувањата, да не испадне онаа старата “Колку пари, толку музика”.

Оваа финансиска и психичка тортура веќе ги премина сите граници на нормално и ненормално!!! Златна професија ја уништивте, ја доведовте Полицијата на дно и верувајте тоа за неколкумесеци од сега НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!, стои во соопштението на СПМ.

Најнови вести од Македонија

To top