Денеска се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Во својство на претседавач на Советот ја предводев седницата на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на наша покана.
Ја истакнав важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.
Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО, пишува Мицкоски во својата објава.