Македонија Трет ден голгота

Се огласи мајката на исчезнатата Вања: Многу шпекулации и невистини ја отежнуваат ситуацијата

Открива дека се случило да и се јави новинар кој се претставил како инспектор, со цел да дознае повеќе информации за настанот, и истиот веднаш го пријавила во полиција.

Се огласи мајката на исчезнатата Вања: Многу шпекулации и невистини ја отежнуваат ситуацијата

Имаме доверба во полицијата, максимално се ангажирани во потрагата по мојата ќерка. Не ме прашувајте како сум, како би можела да бидам. Се трудам да останам силна, да бидам од корист, а имам и друго дете за кое морам да се држам, за „ФОКУС” вели Зорица, мајка на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која веќе три дена е исчезната.

Раскажува дека во јавност се пласираа голем број на шпекулации, кои не им се од помош, туку само ја отежнуваат ситуацијата. Открива дека се случило да и се јави новинар кој се претставил како инспектор, со цел да дознае повеќе информации за настанот, и истиот веднаш го пријавила во полиција, објави порталот.

-Не читам што се коментира на социјални мрежи и гледам дека најмногу згрешив што го оставив мојот број, кога го објавив апелот за Вања. Требаше да апелирам сите кои нешто знаат да се јават директно во полиција. Но, кој да знаел… Многу шпекулации и невистини, еве повторно кажувам дека ќерка ми е примерно дете, секогаш отворена, сакана и почитувана од школските другари, немаме непријатели, се беше во ред во нашите животи. Со нејзиниот татко сме во нормални односи, значи се функционираше нормално, нема место за никакви теории, појаснува мајката за ФОКУС.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

Најнови вести од Македонија

To top