Македонија „Митилинеос“

Ристески: СДСМ со поддршка за криминалните проекти на ДУИ кои се штетни за државата

Ристески ги потсети пратениците на СДСМ дека кога биле опозиција постојано зборувале дека во Македонија отсуствува дебата.

Ристески: СДСМ со поддршка за криминалните проекти на ДУИ кои се штетни за државата

Предлог законот грчката компанија Митилинеос да гради когенеративна гасна електрана во Гази Баба го помина првиот собраниски филтер. Со 58 гласа „за“ и 31 пратеник кои гласаа „против“ беше изгласана потреба од носење на закон за стратешкиот план „Митилинеос“, владин предлог кој предизвика бурни реакции кај експертската јавност помина пред пратениците.

Токму предлог законот за „Митилинеос“ предивика најмногу реакции во јавноста и беше жестоко критикуван од енергетичарите.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески за оваа точка денес во Собранието побара измена на дневниот ред, повикувајќи се на писмото од Здружението на инженери.

-Грчката компанија која треба да го изгради овој проект, според предложениот законски текст, ќе добие државна помош од 50 милиони евра, а нема да влезе во сопственоста овие средства кои ќе ги инвестира државата. Им се гарантира откуп на струја без тендер, а по цени значително повисоки од пазарните. Затоа овој договор е штетен по државата, рече тој.

Ристески ги потсети пратениците на СДСМ дека кога биле опозиција постојано зборувале дека во Македонија отсуствува дебата.

-Сега ги поминувате и ги гласате сите овие криминални договори и закони кои се по штета на државата, без никаква дебата, а стручната јавност моли за ваква дебата. Ви објаснува секој ден дека склучувањето на вакви законски решенија и договори е штетно по државата, но корисно само за оние  кои ги предлагаат. Овој закон го предлага министерот за економија, Крешник Бектеши, а потписник е вицепремиерот Артан Груби, рече Ристески.

Најнови вести од Македонија

To top