Македонија возете внимателно

Регионалниот пат Велес-Градско затворен од 09 до 16 часот

Делницата Велес – Градско на Регионален пат Р1102, поради поставување заштитна мрежа, ќе биде завторена за сообраќај денеска од 09:00 до 16:00 часот, соопшти АМСМ.

Регионалниот пат Велес-Градско затворен од 09 до 16 часот

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top