Македонија Велешките пожарникари со брза интервенција

Спречена експлозија на цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско

Спречена експлозија на цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Велес утрово спречиле експлозија на цистерната којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади Компани“.

Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.

– По пристигнувањето пристапено беше кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната, велат од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Најнови вести од Македонија

To top