Македонија да се зајакнат билатералните односи

Претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок упати честитки до Силјановска Давкова

„Честитки за Гордана Силјановска-Давкова на изборот за нова претседателка на Македонија. Со задоволство очекувам да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.“

Претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок упати честитки до Силјановска Давкова

Пријателска честитка на изборот за претседателка на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова упати претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.

Во честитката на унгарскиот претседател стои:

„Честитки за Гордана Силјановска-Давкова на изборот за нова претседателка на Македонија. Со задоволство очекувам да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.“

Благодарност за честитката изрази професорката Гордана Силјановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција. Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново:

„Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“

Најнови вести од Македонија

To top